По 15 години решена мистеријата на брутално убиеното девојче – германската Меделин МекКен


Една од најголемите криминалистички драми во германската историја е решена откако ДНК на неонацистичкиот масовен убиец Уве Бeнхард е пронајдена на остатоците од исчезнатото девојче Пеги Кноблох.image-1059673-640_panofree-wiwv-1059673

Бeнхард и неговиот пријател Уве Мундлос извршиле самоубиство во 2011 година по неуспешниот грабеж на банка со кој сакале да ја финансираат својата неонацистичка организација Националсоцијалистичко подземје (НСУ) која помеѓу 2000 и 2007 година убила девет мигранти и една полицајка. „Неонацистичката невеста“ Беате Жепе (41) им рекла на судиите дека сака да сведочи за бруталната смрт на деветгодишното девојче која, се смета, дека ја убил еден од нејзините љубовници.

Беате, која е единствената жива од НСУ ќелијата, во моментот ѝ се суди поради нејзината улога во убиствата. И Бенхард и Мундлос биле нејзини љубовници, а во нивните компјутери, по нејзиното апсење, биле пронајдени нацистичка пропаганда и порнографија.
Сега тие компјутери повторно ги прегледуваат за да се откријат уште трагови кои се однесуваат на смртта на малата Пеги Кноблох.

Бројни играчки, вклучувајќи ги и мечињата, се пронајдени во скривалиштето во остатоците од еден вагон кој Беате го запалила откако нејзините колеги се самоубиле.

Во нивното скривалиште полицијата ја пронашла и играта Погромоли која сами ја измислиле, а е слична на Монопол, во која победник е оној којшто ќе собере најмногу Евреи во гасна комора.

Пеги Кноблох – често нарекувана германската Меделин МекКен – имала само девет години кога исчезнала во мај 2001.

Откако не се вратила од училиштето, освен во Германија со недели ја барале и во Турција и во Чешка, но не ја пронашле. И покрај тоа, еден маж со ментално нарушување од подрачјето каде што Пеги исчезнала, признал дека во 2002 година го убил девојчето само за да го прикрие фактот дека сексуално ја злоупотребил. Мажот подоцна го повлекол своето признание, но бил осуден и испратен во психијатриска болница на отслужување на казната. Во 2014 година затворска казна му била поништена, па бил пуштен од психијатриската болница.

Но, порано оваа година, собирачи на печурки го пронашле нејзиното тело само 15 км од дома, а 150 км од местото каде што неонацистите Бенхард и Мундлос ја убиле во 2011 година. Дивите животни го осквернавиле нејзиниот „гроб“.

Беате, чиешто судење трае од 2013 година и сè уште не му се гледа крајот, му рекла на својот адвокат Матијас Грасел дека сака да одговори на прашањата околу Пеги. Нејзините зборови ќе бидат сослушани на 5 декември.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1