Џејд Пакер (21) по 16 часа во породилната сала роди машко бебе, тешко неверојатни 6,89 килограми. Породувањето траело 16 часа. Бебето Џорџ Кинг е најголемото бебе некогаш родено во Глоучестершир во Велика Британија, а било пуштено дома по шест недели.
Родителите за BBC изјавиле дека Џорџ останал без кислород десет минути и докторите му дале 10% шанси дека ќе преживее. Џорџ е двапати поголем од просечно бебе. Денес, неколку недели по раѓањето е тежок 7,65 килограми и долг 65 сантиметри.
Носи облека за шестмесечни бебиња.„При породувањето на Џорџ му се заглавија рамената и тогаш остана без кислород. Во салата имаше 20 доктори. Многу бев исплашена. Сите беа шокирани од неговата големина. Но, тој е вистинско мало чудо“, рекла Џејд.