По 16 години во инвалидска количка Миле Стојкоски застана на нозе!


Причепчанецот Миле Стојковски по цели 16 години поминати во инвалидска количка застана на своите нозе.

Утрово тој во студиото на Канал 5 телевизија покажа дека има надеж количката да ја остави.

mileМиле по цели 16 години поминати во инвалидкса количка повторно ги чуствува своите нозе, а сето тоа благодарејќи на советите кои ги добил во Австрија и Швајцарија. Тие совети на Миле многу му помогнале да застане на нозе.

Тој со својата количка замина на олимпијадите во Атина, Пекинг и Лондон поминувајќи илјадници километри, Сега, повторно по сообраќајната несреќа од 1996 да ги почуствува двете нозе. При неговото последно патување за да присуствува на олимпијадата во британската престолнина, тој посетил неколку центри за физикална терапија во Швајцарија и Австрија каде добил инструкции што да прави кога ќе се врати дома.

По шест месеци напорна работа, Миле денес може да стане од количката и да стои по неколку минути.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1