По 18 години ги запозна своите биолошки родители – била киднапирана и порасната од жена


Крејг Мобли, биолошки татко на девојчето кое било киднапирано до болница веднаш штом се родило, објаснува дека средбата со неговата ќерка по цели 18 години било најневеројатното нешто кое му се случило во животот.

На само 8 часа откако била родена, Камаја била киднапирана од страна на Глорија Вилијамс,која се претставила како медицинска сестра.article-mobley-11-0114-640x481

Пред 18 години, Вилијамс имала спонтан абортус, една недела пред да ја киднапира Камаја.

Тогаш полицијата започнала голема потрага по исчезнатото бебе, а во текот на годините пристигнувале стотици информации. Но и покрај потрагата и сите информации, бебето, не било пронајдено.

Како што изминувале годините, не се знаело ништо, дали е живо или мртво. Никој не знаел дека во меѓувреме бебето пораснало во тинејџерка.

Пред само неколку месеци, Камаја Моблеј, тинејџерка имала сомнеж дека можеби таа е девојчето по кое се трагало пред 18 години….информациите се поклопувале а се што било потребно било да се направи ДНК анализа.

Анализа била направена и се покажало дека таа била исчезнатото бебе.

Камаја ги запознала своите биолошки родители во полициската станица Walterboro, каде што со своите родители поминала 45 минути,

-И кажав дека ми е многу мило што ја запознав конечно и дека ја сакам, рекол таткото Аикен, додавајќи дека чувството е неверојатно и дека не се опишува.

Она што е навистина морбидно е што Камаја пораснала со жената која ја киднапирала не знаејќи за вистината.

Пораснала по име Алексис Мангио.

Глорија Вилијамс била уапсена во петокот, откако се потврдиле ДНК анализите. Обвинета е за киднапирање и може да и биде досудено животен затвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1