Кој му е виновен кога не проверил на време! Белгиецот Јан (64) од Антверпен после 19 години брак дознал дека неговата сопруга е маж.
Јан вели дека со Моника, се запознал во далечната 1993-та година, кога дошла да работи како куќна помошничка кај неговата сестра.
„Тогаш бев во несреќен брак па Моника и јас веднаш се вљубивме еден во друг. Мислев дека е една атрактивна жена, во правата смисла на зборот. Имаше 27-години и ја прашав дали сака да имаме деца. Кога рече дека сака, ми падна камен од срцетоа. Јас тогаш имав 44-години и веќе имав 2 сина“ , раскажува Јан за белгискиот весник „Nieuwsblad“.
„Моника со години ми зборуваше дека пие пилули за контрацепција, а дури и за време на сексот не забележав ништо необично. Сега ми е јасно зошто секогаш користеше лубрикант, кој очигледно им е неопходен на трансексуалците. Беше добра мајка на моите деца и фантастично готвеше. Сега конечно ми е јасно зошто никогаш не умееше да пегла“, додава сопругот.
Јан тврди дека болната вистина ја дознал дури кога еден роднина на неговата сопруга дошол да преспие кај нив.
„Кога се соочив со Моника и кога ми призна, бев шокиран. Ми призна дека е родена како машко и дека била на операција за промена на полот. Не можев да поверувам. Цел свет ми се сруши во секудна“, вели Јан.
Кога Јан поднел тужба, судот не го прифатил неговото барање Моника да биде исфрлена од куќата. Тие сеуште живеат во истиот стан, но во посебни соби.
„Едвај разговараме. Не можам да и го простом тоа што ми го направи. Само сакам што побрзо да си оди од мојот живот“ , заклучува несреќниот Јан.