По 20 години Калодонт се враќа на пазарот


 

Голем број на граѓани и до ден денес ја бараат Калодонт пасатата за заби и покрај тоа што овој производ под ова име не се произведува уште од 1992 година.

Се работи за производ на фабриката Сапонија Осјек, кој некогаш бил синоним за сите пасти за заби кои подоцна стигнале на тогашниот југословенски пазар.
Пастата за заби Калодонт, за недела дена повторно ќе стигне до потрошувачите, а Сапонија се одлучила да ги активира сите потребни активности и да го напушти постоечкиот бренд на забни пасти Зиродент и да се врати на стариот бренд Калодонт.

Претседателот на Управата Дамир Скендер, верува дека со враќањето на брендот Калодонт, се очекува компанијата да забележи голем успех, како на домашен, така и на странскиот пазар, слично како што доживеаа успех и нивните нови редизајнирани производи.
Од менаџментот најавуваат дека ново-стариот производ ќе се појави со повеќе од десет различни вкусови и ќе биде наменет за сите генерации на потрошувачи.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1