Со две дечиња, а и се распаѓаат коските – Даниела е болна од анорексија, а нема кој да ја лекува во Македонија


Даниела Петковска штотуку  наполни 32 години. Талкањето по улици со две мали дечиња и слабоста да излезе на крај со проблемите, ја однеле во канџите на анорексијата. Таа сега има само 24 килограми и нема сила да зборува, камо ли да се движи.

Македонија е полна луѓе со потресни судбини, оставени, заборавени, болни, живеат во беда, но оваа млада жена умира пред очите на сите нас. Оваа потресна сторија за младата скопјанка ја објави телевизија Телма, ви ја пренесуваме и ние со надеж дека институциите нема да остават вака да пропаѓаат млади животи.

Даниела Петковска штотуку  наполни 32 години, а во себе веќе носи лузни од насилство и протерување, од оние кои најмногу ги сакала.

Талкањето по улици со две мали дечиња и слабоста да излезе на крај со проблемите, ја однеле во канџите на анорексијата. Таа сега има само 24 килограми и нема сила да зборува, камо ли да се движи. Помошта од државата, 7000 денари, не е доволна ниту за лекови, а коските почнале да се распаѓаат.

-Ако ги купувам лековите, треба да дадам 50 евра, плус за тие што ми ги препишаа на интерно одделение, како и од стоматологија. Морам да направам и контрола за еден месец, коска од лицето ми се распаѓа, вели Петковска.

Во болница ја згрижуваат кога нејзиното тело е толку исцрпено што, веќе не се работи за лекување туку за спасување живот. По месец дена на психијатрија и токсикологија си одам дома бидејки нема доволно кревети за сите,  вели Даниела и додава дека од лошиот однос на медицинскиот персонал таму се чувствувала уште по мизерно.

-Во државата немаме ниту еден адекватен центар за лекување на анорексија и булимија.Лекувањето треба да е долготрајно со тимови од повеке области и мора да биде континуирано, вели   Драгана Георгиева Петковиќ, психолог.

Во две мали соби под кирија живее Даниела, со децата и нејзината мајка која се грижи за сите. Ова не е живот, овие малечки души трпат трауми, вели таа, помош од никаде а премногу болка. Во неа веќе нема ни трошка надеж дека ќе биде подобро. Сака само да ја победи анорексијата а тогаш самата ќе се погрижи за семејството.

На ледниот ЛИНК можете да го погледнете и видеото од оваа сторија.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1