Египетските стујардеси ќе носат хиџаб – марама преку главата


Египетските стјуардеси во ,, Egipt air,, ќе носат хиџаб за прв пат од основањето на компанијата од 1932 година соопштија денеска официјални претставници на компанијата.

Првиот лет на кој стујардесите беа облечени со традиционален женски муслимански превез летале за Џеда во Саудиска Арабија.

Муслиманскиот религиозен свет во Египет верува дека носењето на хиџаб треба да биде задолжително за жените, но овој традиционален превез беше забранет за време на владеењето на претседателот Хосни Мубарак во одредени институции, како што е државната телевизија и националната авиокомпанија.

Работите се променија по победата на Moрсија на претседателските избори во јуни. Жените вработени во телевизијата и авиокомпанија започнаа кампања со која се бараше да им биде дозволено да носат хиџаб, како и повеќето жени во Египет.

Компанијата им одобри на стјуардесите да носат ваков вид на облека по штрајкот на авио екипажот во септември на кои освен ова бараа и повисоки плати.

Со странска компанија е веќе склучен договор за дизајн на шапка и превез за околу 250 стјуардеси кои сакаат да носат хиџаб, од околу 900 жени кои работат во фирмата.

Во септември, водителката на вести на националната телевизија за прв пат се појави со хиџаб, со кој ја покрива косата и вратот, полибералните жени носат хиџаб кој ја покрива само косата.

Share Button
Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1