Робот оперираше срце – операцијата успешна (Видео)


22 годишната Натали Џонс е првиот пациент на кого ми е извршена операција на срце со помош на робот. Операцијата е извршена во болницата “New Cross” во Волфрамитон, а ја изведе робот под името Да Винчи. Операцијата траела 9 часа, под надзор на хирургот Стефан Билинг.

 

Сепак овој робот не работи сам туку со далечински управувач е контролиран од хирург, кој преку камери има увид на срцето на пациентот и му дава команди на робтот што да прави.

Она што е подобро во овој зафат, велат лекарите е што при класична операција мора да се отвори целосно градниот кош, а при оваа операција рацете на роботот на кои има камери преку празнините меѓу ребрата доаѓаат до срцето.

“Пациентот чувствува многу помалку болка, побрзо заздравува и им се враќа на секојдневните активности побрзо “, изјавил Билинг

“Бев исплашена, но ја одбрав оваа процедура затоа што не сакав да имам огромна лузна, а ми се допаѓаше и идејата да бидам прва”, изјавила Џонс.

по успешноста на првата операција, изведена е и втора, врз  43 годишниот Паул Вајтхаус.

И оваа операција била успешна и тој ќе може да се врати на работа по само два месеци, доколку би имал стандардна операција периодот на заздравување е минимум шест месеци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1