Јога вежби за опуштање на грбот


Следниве две јога-вежби за кратко време, поради самата поставеност на телото, ја штедат енергијата, ја опуштаат мускулатурата, и ви ги враќаат чувството на одмореност и исполнетост со нова сила и елан.

Положба на риба (мацјасан)

легнете на грб

свијте ги колената, ако чуствувате затегање помогнете си со перниче
истегнете ги рацете над главата и со дланките фатете ги лактите или подлактиците

главата лежи на подот
затворете ги очите и кажете му на телото да се опушти
останете во положбата колку што ви е пријатно

Положба на фетусот (дармикасан)

седнете врз петите, со грбот исправен
потоа раздалечете ги колената доволно широко за да си направите простор удобно да се смести стомакот помеѓу натколениците
дланките поставете ги на подот и полека спуштете го целиот горен дел од телото кон долу

во крајната положба можеби ќе имате потреба карлицата да ја подигнете малку кон горе

ако главата не ви допира на подот или чуствувате нелагодност во таа положба можете да ја подигнете поставувајќи ја на дланките или врз тупаниците во крајната положба опуштете го целото тело и ќе почуствувате како положбата станува пријатна највпечатливо е чувството на опуштањето на притисокот во зоната на половината која го носи главниот товар на стомакот се опуштаат мускулите на грбот, рамената и стомакот

Во овие две положби телото е неактивно, немаме потреба од голем прилив на кислород, и затоа дишењето полека се смирува, станува сосема бавно. Со тоа опуштеноста и смиреноста од физичко преоѓа на ментално ниво.

Share Button
Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1