По 25 години Берлин повторно ќе го дели ѕид – овој пат со „граница на светлината“


Дваесет и пет годишнината од падот на Берлинскиот ѕид ќе биде одбележано со симболично поставување 8.000 светлечки бели балони кои ќе покажуваат каде минувал ѕидот кој 29 години го делел градот на источен и западен дел.4berlin-500

Балоните ќе бидат осветлени на 7 ноември а ќе останат до 9 ноември во должина од 15 км. во рамки на проектот Граница на светлост (Licht grenze).

Тие се дизајнирани да евоцираат спомени на демонстрациите во Источна Германија пред падот на ѕидот кога илјадници луѓе носеле свеќи и мирно искажувале незадоволство.1berlin500

Освен тоа поставувањето балони долж трасата на која бил ѕидот треба да биде силен симбол и показател на големината на проектот и поделеноста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1