24 Вести: Бојкотот пропадна, СДСМ се враќа во Собранието


Пропаѓа бојкотот на Заев и СДСМ. Дел од пратениците за 24 Вести, телевизија блиска до опозицијата велат дка по вчерашниот состнаок на Бихаќка речи си одлучиле да се вратат во Собранието.sdsm640nasa

Телевизијата не открива за колкава бројка станува збор, но пренесува дека атмосферата на вчерашниот состанок бил исклучително тензична и дека имало размена на остри и високи тонови на релација раководство – пратеници.

Пратениците барале од Заев ако верува во идејата за бојкот да си поднесе оставка во општина Струмица, барање кое лидерот го одбил.

-Истите извори тврдат дека, како што велат, имало  и нервозни и високи тонови на релација Заев и дел од сопартијците, а биле искарани да не ги брифираат медиумите за состанокот. Дел од нив денеска за 24 Вести велат дека по синоќешниот состанок речиси одлучиле дека ќе се вратат во Собранието, објави телевизијата.

Заев ги карал своите пратеници затоа што ги брифираат медиумите и побарал да не излегуваат информации од вчерашниот состанок.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1