Времето денеска: малку потопло


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и малку потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Претпладнето е можен е слаб краткотраен дожд, повеќе во западните подрачја. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.sunny-sky

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 12 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви период и со слаб ветер од северен правец. Претпладнето ќе има услови за појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Во петок ќе дува умерен северен ветер кој ќе предизвика намалување на облачноста, а за време на викендот и во почетокот на наредната недела времето ќе биде стабилно и суво.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1