Автобусите беа заглавени на патот по Кичево поради непроодниот пат од снежното невреме.
Изгладнеле и измрзнале патниците кои повеќе од 30 часа беа отсечени од цивилизацијата откако вчера заглавија на завеаниот пат меѓу Кичево и Охрид, раскажува во изјава за „НОВА“ шофер на автобус.
– Нема никој од надлежните, било полиција, било „Македонија сообраќај“. Без храна сме и можам слободно да кажам дека измрзнавме. Револтирани се патниците и ние превозниците. Никој не ни кажува што се случува. Ова што сега го гледам е страшно – за 30 и кусур часа да не може да се пробие една лента?! Имаме информации дека камионите се расипани, дека нема нафта, а полицајците дигаат рамења. Ќе видиме, со Господ напред! – изјави попладнево еден од шоферите на автобусите кои заглавија на патот.