По 39 години пронајдено тело на хрватски алпинист – бил замрзнат под илјадници тони мраз


Телото на хрватскиот алпинист Ненад Чулиќ, кој загина пред 39 години на Кавказ во Грузија е пронајдено дури ова лето, сега  е пренесено во Хрватска, известуваат од хрватската Горска спасувачка служба.

3е-12-Чулиќ заедно со уште тројца хрватски алпинисти загинал на 24 јули 1974 година во голем леден одрон при искачување на Ушба на Кавказ.
Телата на двајца од загинатите биле пронајдени неколку дена по несреќата, додека на Чулиќ и на уште еден негов пријател останале длабоко под илјадниците тони мраз под планината Ушба на Кавказ.

Пред две години чешки алпинист го пронашол термосот на Ненад Чулиќ, со ознака GSS, а минатото лето била организира четиричлена експедиција од Хрватска која пронашла дури три тела на одамна загинати алпинисти и сите ги симнале во долината. Меѓу нив не било телото на Ненад иако околу локалитетот била пронајдена опрема за искачување која без сомнение им припаѓала на хрватските алпинисти.

Самата експедиција предизвикала големо внимание во Грузија. Јавноста и властите дале голема поддршка за случајот бидејќи е невообичаено некој толку упорно и долго да трага по настрадан планинар. Предупредени биле сите следни експедиции особено во летниот период да внимаваат во таа област. Кон крајот на август група романски алпинисти го здогледале телото кое според позицијата би можело да му припаѓа на Чулиќ.

Била покрената итна акција за телото да биде пренесено во Хрватска пред повторно да падне снег и да постои опасност од лавини кои би го затвориле подрачјето до следното лето.

Чулиќ бил истакнат алпинист и горски спасител, еден од основачите на овој спорт во Хрватска. Неговото тело ќе биде погребано в четврток во родниот Ловринац.

Kanal 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1