Поевтин бензин од полноќ


Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика бензините од полноќ се намалуваат за 1,50 денари, а дизелот поевтинува за 2 денари.

benzin4Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените се намалуваат  во просек за 2,79%. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98 се намалуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени согласно претходната Одлука од 23 .09.2013 година.

Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС -95 изнесува 78 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС -98 изнесува 79,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2 ден/лит и ќе изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит, со што таа изнесува 58,00 ден/лит.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1