Семејството Котевски неодамна добило писмо каде Клиничка болница од нив бара да платат околу 100 000 денари болнички трошоци за болничко лекување на Славчо во 2010та. Приказната за парите од страна на Клиничка се развива со појаснувањето дека средствата ги побарува заради непотполна документација од страна на пациентот односно болнички упат од матичен лекар. Случајот велгол и во судница каде Основен пресудил во корист на тужениот, но Клиничка ја обжалила пресудата до Апелација кој донела одлука дека парите мора да се исплатат.
Еленица Котевска сопруга на Славчо вели дека кога го однеле не бил преку матично туку преку Ургентна и на Интерно па на Хирургија каде одбиле да го оперираат заради мозочниот удар.
Славчо незборува и едвај се движи, примател е на инвалидска пензија со која едвај се набавуваат лекарствата а сега истата ќе биде стопирана заради наплатата на овие побарувања од Клиничка болница.
Еленица додва дека додека не го добила известувањето со пресметка од нотар никој не и рекол за болнички упат дури ни кга ја земала отпусната листа.
За случајот Клиничка не информира дека, лицето во 2010 во неколку наврати било хоспитализирано.За периодот од 24.10-2.11.2010 кога преку Ургентна бил пратен на Интерно, па на Хирургија се подмирени сите трошоци, но во периодот од 16.11 до 24.11.2010 бил повторно хоспитализиран и тогаш истиот ја немал потполната документација односно Болнички упат и за тоа се побаруваат 37 640 денари долг остатокот до 100 000 се камата и судски трошоци. Според процедурите кога пациент е хоспитлизиран, на Приемното одделние, доколку е здравствен осигуреник, пациентот плаќа партиципација и при испис се врши пресметка која се подмирува, доколку лицето не е осигуреник или ја нема потполната документација, лекувањето се наплаќа на приватно.