По 40 години се сретнале повторно и се венчале (Фото)


Жоао Крисостомо и Вилма Крачун се запознале во 1971 година во Лондон. Крисостомо и неговата тогашна вереница премногу брзо се спријателиле со Вилма која од неодамна се преселила во Лондон од Југославија.

0672007.73Жоао се оженил и се преселил во Њујорк. Но кога и да и напишел писмо на Вилма, тоа му било вратено. Следните 40 години ја барал, прашувајќи ги пријателите, дури и странци, дали можеби знаат каде заминала.

Бракот го окончал во 1997 година, но тој и понатаму продолжил да ја бара Вилма. Конечно на Денот на заљубените во 2011 година, роднина на неговата поранешна жена го побарала и му кажала дека ја пронашла Вилма на друштвената мрежа Фејсбук.

Се вели дека Вилма од 1979 година живее во Париз и дека сега е вдовица. Жоао веднаш тргнал за Париз, за да ја сретне.

0674007.74– Кога ме прегрна мислам дека срцето ми се симна во петици. Можеби еден со друг се гледавме со очите на младоста, но почувствував нешто што не се опишува, изјави Вилма.

По тој ден Жоао ја запросил и ја поканил да дојде со него во САД. Таа  го изговорила судбоносното „Да“.

– За помалку од два часа после нашата повторна средба, открив дека тоаа е онаа истата Вилма, која ја познавав во Лондон. Сакав да се осигурам дека никогаш повеќе нема да исчезне од мојот живот. Беше и понатаму чиста, искрена, непретенциозна девојка. Беше посебна млада дама, а сега е посебна дама.

Следната година комуницирале преку Скајп, а во февруари Вилма се преселила во Њујорк. Се венчале на 20 април 2013 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1