78-годишникот, кој доби доживотна казна бидејќи уби три невооружени полицајци во 1966-та година, во понеделникот попладне би пуштен од затворот Лителхеј во Кембриџешир, пренесува „Daily Mail”.
Робертс бил во банда која ги убила полициските детективи Кристофер Хед (30), Констебл Дејвид Вомбвел (25) и Констебл Џефри Фокс (41).
Во времето на пресудата, судијата Хилдрет Глин Џонс, му рекол на Робертс дека поради тежината на неговото злосторство мисли дека никогаш нема да се разгледува опцијата да го пуштат на слобода. Но, британскиот Одбор за повторно разгледување на казната, сметал дека Робертс ги задоволил условите за пуштање од затвор.
„Престапниците на доживотни казни се подложени на строги контроли онолку долго колку што претставуваат ризик. Ако не ги почитуваат условите за пуштање, веднаш се враќаат во затвор“, изјавил Одборот, одбивајќи да го коментираат самиот случај.
Се верува дека Робертс сега живее во еден затворски хостел и не му е доделен нов идентитет. Подоцна ќе биде преселен во заштитено сместување. Полициското здружение соопшти дека се многу лути и полицајците и јавноста поради веста дека убиецот на полицајците е пуштен на слобода.