По 5 години, примирје во Сирија – Во сабота стапува на сила договорот за прекин на огнот


Договор за прекин на борбите во Сирија ќе стапи во сила на 27 февруари, објави телевизијата Ал Џазира, повикувајќи се на документ за кој се договориле Русија и САД.

Договорот меѓу САД и Русија подразбира дека прекинот на непријателствата ќе стапи во сила на полноќ на 27 февруари, наведе телевизијата, пренесува ТАСС.sirija

Терористичките групи Исламска држава и Џабат ал Нусра, која е забранета во Русија, не се вклучени во договорот.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери, се договорија за дополнителни параметри потребни за прекин на огнот во Сирија, соопшти синоќа руското МНР, по телефонскиот разговор на двајцата дипломати.

Во соопштението на руското Министерство се наведува дека Лавров и Кери синоќа разговарале уште два пати телефонски, јави ТАСС.

Кери во Јордан изјави дека со Лавров е постигнат прелиминарен договор за условите за прекин на огнот во Сирија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1