Организаторот на закопот кој помагал да се подготви телото на Мерлин Монро за погребение, прозборел за тој момент. Алан Абот и Рон Хаст биле сопственици на една од најпознатите погребални агенции во 60-тите години, а меѓу славните личности чии погреби ги организирале биле и на актерките Мерлин Монро и Натали Вуд, пишува „Дејли мејл“
Абот напишал книга за својата работа и во неа ги изнел деталите за ѕвездите чие последно испраќање го организирал. Тврди дека славната русокоса била речиси непрепознатлива во моментот кога ја видел мртва. Тој се потсетува дека на 5 август 1962 година, полицијата го повикала на адреса 1230 Фифт Хелена драјв (Fifth Helena Drive) во Брентвуд, во куќата на славната актерка.
Полицијата ја повикал доктор Хуман Енгелберг кој ја констатирал смртта на Мерлин, а Абот тврди дека нејзиното тело било полно со виолетови дамки.
„Беше тешко да се поверува дека е тоа славната убавица. Изгледаше како просечна постара жена која не се грижела за своето тело. Очигледно околностите во кои починала го влошиле нејзиниот изглед. Кога некој ќе почине, заради гравитацијата крвта се таложи на најниската точка на телото, а бидејќи таа починала со лицето надолу, виолетовите дамки од крв останале на нејзиниото лице, додека вратот и беше потечен“, напишал тој.
Тој додал дека косата и била виткана и кратка, а се чини дека извесно време не ја бојадисувала затоа што имала кафен израсток на косата.
– Нејзините нозе не беа бричени, усните и беа испукани, а и беа потребни и маникир и педикир – опишал тој.
Нивната задача била да ја дотераат, искапат и облечат, а меѓу нејзините работи пронашле се лажни гради, но не ги користеле затоа што биле премали. Нејзиниот градник го наполниле со вата за да изгледале градите онака како што луѓето мислеле дека изгледаат.