По 68 години албански премиер во Србија: Рама не издржа да не направи скандал


Албанскиот премиер Еди Рама за прв пат по 68 години стана првиот албански премиер кој ја посетил Србија.

Пред Палата Србија го пречекаа претседателот на српската влада Александар Вучиќ. Последната посета на шеф на албанската држава на Белград била во 1946 година, кога се сретнале Енвер Хоџа и Јосип Броз.

r6-300x199

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска по средбата со албанскиот колега Еди Рама изјави дека разговорот во четири очи, што траел подолго од очекуваното, не бил ниту малку лесен, но изрази уверување дека заедничките проблеми може да бидат решени, јави Танјуг.

Вучиќ како „инцидент“ го нарече тоа што албанскиот премиер го спомена Косово, додавајќи дека не знае какви врски има тој со Косово.

Не очекував дека албанскиот премиер ќе зборува за Косово и не дозволувам провокација од овој тип, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ по средбата со Еди Рама, образложувајќи дека Косово не било дел од програмата при посетата во Белград, пишуваат српските медиуми.

– Жалам што Рама ја искористи оваа прилика да зборува на тема на која не се договоривме и нема да дозволам било кој да ја понижува Србија, изјави Вучиќ.

Како што потенцираше, со албанскиот премиер требало да се разговара за иднината а не за минатото.

– Да повторам, очигледно имаме различни ставови, Србија стои зад тоа дека Косово и Метохија е дел од Србија и драго ми е што можам тоа да го кажам во присуството на албанскиот премиер, додаде Вучиќ по средбата.

Од друга страна Еди Рама потенцираше во Белград дека „Косово е независна држава, и тоа е реалност која не може да се менува“.

– Можеме да зборуваме за различни пристапи но не смееме да не ја кажеме вистината, независноста на Косово е реалност и голем број на земји веќе го прифатија тоа, изјави Премиерот на Албанија.

За денешната посета на Србија на албанскиот премиер, што е прва официјална посета на највисоко ниво на албански државник по 68 години, акредитирани се околу 200 новинари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1