По 70 години ја дознала вистината за својот дечко – случајно го нашла дневникот (Видео/Фото)


Пред да загине, застрелан од снајперски куршум во Јужниот Пацифик во 1944 година, 22-годишниот американски поручник Томас „Катон“ Џонс во неговиот дневник го запишал „последно барање“ со кое од „чесниот“ пронаоѓач на четивото бара да и го предаде на „девојката на неговиот живот“ Лори Меј Дејвис.

28.05.dnevnik8

dnevnik4Неговата последна желба се исполнила и Дејвис го прочитала дневникот, но дури 70 години подоцна кога сосема случајно го пронашла на една изложба во Националниот Музеј на Втората светска војна во Њу Орлеанс.

„Не знаев дека неговиот дневник е таму“, раскажува 90-годишната Дејвис, додајвајќи дека и потекле солзи од очи кога во Музејот го видела дневникот на нејзина средношколска љубов.

Веднаш го препознала зошто тој дневник таа му го дала пред да замине. Неговото семејство го имало дневникот но не сакале да и го дадат бидејќи се плашеле да не и направат проблеми во бракот во кој таа стапила подоцна и наместо да и го дадат го подариле на музејот, каде и го нашла по цели 70 години.

dnevnik3dnevnik1

dnevnik2

Кустосот Ерик Ривет и дозволил одблизу да го проучи дневникот, носејќи ракавици за да ја заштити хартијата од оштетување.„Ова е првпат во моите 17 години работен стаж некој да пронајде спомен во витрините во Музејот“, изјави Ривет.

Дејвис и Џонс се запзонале во средното училиште Винслоу во 1941 година.„Тој беше кошаркар, а јас бев навивачка“, раскажува Дејвиџ, појаснувајќи дека Џон и подарил прстен, но дека не биле верени. Тие биле само во љубовна врска за време на средното училиште, а биле и партнери на матурската вечер.

news_113026dnevnik5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1