По четврти пат се бори со ракот и не попушта


Беки Гидинс (32) од Англија четврти пат се впушта во битка со ракот. Пред седум години се соочила со рак на кожата, а потоа следела регресија на ракот кој се раширил кон градите, белите дробови и стомакот.

rak33Оваа жена никогаш не користела солариум, од дома никогаш не излегувала без заштитна крема од сончевите зрациk, сега се наоѓа со болница во Бирмингем.

Подложена на нов третман кој во овие моменти и е единственото решение.

– Се започна кога во 2007 година забележав младеж на грбот, ме чешаше и беше во необична боја, изјавила Беки.

Резултатите покажале дека Беки има рак на кожата. Со операција и бил отстранет младежот.

Сè било во ред до 2012 година, кога ракот се вратил и гизафатил лимфни јазли. Лекарите на Беки и предложиле хируршко отстранување на јазлите и околното ткиво.

– Ми кажаа дека ситуацијата е посериозна отколку минатиот пат, бев исплашена. На интернет најдов некои информации и многу се вознемирив, раскажала таа.

rak1Операцијата била успешна, од ногата и е извлечена лимфната течност. Беки набрзо се вратила на вообичаениот живот.

Потоа лекарите забележале чвор на десната дојка. Решение било отрстанување на дојката и една третина од градите.

И оваа операција дала добри резултати, закрепнала но минатиот декември биле во Лас Вегас на меден месец и болеста повторно се вратила. Беки чувствувала силни болки во стомакот.

Докторите и соопшиле дека ракот зафатил дел од бубрезите и црниот дроб, прашање на време е дали Беки ќе може да се бори со ракот овој пат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1