Најголемата интернационална полициска организација распиша телеграма до сите свои испостави ширум светот и за исчезната ја прогласи 23-годишната Дениса Маркоска од Прилеп.
Во телеграмата на Интерпол се вели дека се бара Маркоска која е висока 165 сантиметри, тешка 50 килогами со кафеава коса и сини очи. Маркоска мистериозни околности на 12 овој месец во раните утрински часови исчезна од туристичкиот брод „Серенисима“, кој утрото пловел на делница меѓу грчките острови Родос и Крит.