По долги години повторно возот се враќа на најферкфентниот скопски булевар


Градот Скопје од денеска воведува нов сообраќаен режим на булеварот Борис Трајковски, на преминот преку железничката пруга кај  населбата Усје каде што е поставена нова патна и железничка сигнализација.

boristrajkovskizeleznickipremin6

На презентација на новата сигнализација која ќе овозможи безбедно одвивање на сообраќајот преку железничката пруга присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорот на Македонски железници-Инфраструктура, Ирфан Асани и градоначалникот на општината Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.

На терен, во изминатиов период беа поставени светлосни сообраќајни знаци за означување премин на патот преку железничка пруга во ниво и полубраници за затворање на сообраќајот на преминот преку железничката пруга во ниво. Претходно овој премин беше регулиран физички, со знаменца, а сега преминот е обезбеден со рампи и целосна сигнализација со што во голема мера  ќе  се зголеми безбедноста во сообраќајот.

На терен работеа екипи од ЈП „Улици и патишта“, Цементарница „Усје“ и од Македонски железници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1