Вистински хаос владее во изминатите неколку дена на најголемиот лондонски аеродром Хитроу, а причината за тоа е новата безбедносна закана – експлозивни гради!
До британските известувачки служби пристигна информацијата дека терористичката организација Ал Каеда подготвува нови напади користејќи експлозивни направи скриени во импланти. Безбедносните сили во аеродромите велат дека особено внимание мораат да им посветуваат на женските гради, особено оние со поголеми пропорции.
Големи колони на аеродромите, вработените се соочуваат со милион проблеми. Деталните прегледи на патниците создадоа огромни колони на аеродромите, а вработените се соочуваат со милион проблеми поради “експлозивни гради”.
Според досегашните сознанија, експлозивот е вешто скриен и истиот тешко може да се детектира, а може да се активира преку далечинско управување или со вбризгување на други хемикалии, се со цел да се предизвика хемиската реакција.
Дека стравовите и паниката не се случајни сведочи и предупредувањето од американската Канцеларија за национална безбедност кое што беше издадено уште пред две години. Тогаш авиокомпаниите беа предупредени на опасноста од терористите кои што во телото имаат вградено “силиконски бомби”.