Во врска со објавата дека Западнонилската треска пристигна во земјава која ја превземаа дел од медиумите, Министерство за здравство ги отфрла инсинуациите и шпекулациите наведени во текстот дека случај на западнонилска треска е откриен на инфективното одделение во болницата „8-ми Септември“.
Кај ниту еден пациент во Република Македонија не е потврдено присуството на вирусот на западно-нилска треска. Пациентот, којшто се издвојува во прилогот на 1ТВ, бил примен во Градската општа болница „8 Септември“ со симптоми на грип и висока температура. Но, испитувањата докажале дека не станува збор за западно-нилска треска. Истакнуваме дека ова е случај стар 3 недели и пациентот во меѓувреме е пуштен дома, без компликации по неговото здравје.
Во исто време, потенцираме дека Министерството за здравство во ниту еден момент немало намера да прикри какви било информации.
На крајот, ги уверуваме граѓаните дека министерството во континуитет ја следи состојбата, за евентуалната појава на вирусот на западно – нилска треска, но и за евентуална појава на други вируси. Повторуваме, во Република Македонија нема потврден случај на вирусот на западно – нилска треска.