По Јанакиески и Јанкулоска и Пешевски се огласија за бегството на Груевски


Поранешниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски, за ТВ 21 вели дека е разочаран и вознемирен од бегството на Никола Груевски, тој додава дека овој чин е за најостра осуда.

„Длабоко сум разочаран и вознемирен од овој чин кој е за најостра осуда и од кој што целосно се оградувам. Ова сериозно ги подрива сите напори и иницијативи што во моментот се водат во насока на национално помирување на повеќе нивоа. Кон сите што учествуваме во овие процеси, апелирам да продолжиме со она што и е навистина потребно на нацијата. Иако е тоа тешко, апелирам гневот од овој чин да не се насочува кон другите луѓе кои што се опфатени во други судски предмети и истраги. Верувам дека правдата на крај сепак ќе го стигне секого“, изјави Владими Пешевски за ТВ 21.

Владимир Пешевски е обвинет во случајот „Траекторија“ на СЈО.

По Јанакиески и екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска за ТВ21 вели дека го осудува бегството на екс-премиерот Никола Груевски.

„Се наоѓам во Македонија и на крај памет не ми паднало да заминам било каде“, рече Гордана Јанкуловска за ТВ21.

Таа рече дека ќе продолжи да присуствува на судските рочишта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1