По неколку децении ЦИА ги отвори своите Досие х – истраги на НЛО и вонземјани


Централната разузнавачка агенција (ЦИА) на САД обелодени стотици документи, посветени на истрага на набљудувањата на НЛО во целиот свет, особено во Германија, Белгиски Конго (колонија која постоеше до 1960 година) и СССР.hilari-klinton-vonzemjani-640x427

Документите сумираат истраги на агенцијата посветени на НЛ до 1978 година. Главните архивски материјали се посветени на набљудувања направени од крајот на 40-тите и во 50-тите години. ЦИА ги разделила документите на две групи, во зависност од скептицизмот и оптимизмот во однос на припадноста на НЛО кон вонземски цивилизации.

Во документите од 1952 година се пријавени летачки објекти, забележани во источна Германија, над Шпанија, Северна Африка и над рудници за ураниум во белгиски Конго. ЦИА ги изложила и записниците од состаноците на различни комисии и дала детални инструкции за набљудувањата на НЛО.vonzemjani marsovci nlo

Во ниту еден од документите не се презентирани докази за поврзаност на НЛО со вонземјани, бидејќи повеќето податоци содржат недоволно материјали за научна анализа.

Објавувањето на информациите на ЦИА се совпаѓа со излегувањето на новата сезона на “Досиејата Х”. Серијата е се прикажуваше од 1993 до 2002 година, а во 1998 и 2008 година беа снимени и два долгометражни филма. Новата сезона почна на 24 јануари на американската телевизија Fox.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1