Треба да знаете: Смеат ли банките да фотокопираат лична карта, кога смеат да дадат инфо на извршители


Голем број граѓани се обратиле до Дирекцијата за заштита на личните податоци поднесувајќи претставка или едноставно барајќи мислење тоа дали е злоупотреба барањето фотокопија од нивната лична карта или пасош од страна на институции, банки или слично

-Разни клиенти на банки, компании, пациенти од јавно или приватно здравство, гости во хотели или други угостителни објекти, доставуваат прашања во форма на претставка или бараат мислење од аспект на користење на нивните лични податоци. Како основно е тука прашањето за личната карта.licna karta350

Прашањето за употреба и копирање лична карта или пасош е регулирано со посебен закон.

Едниот е законот за заштита на личните податоци, каде пишува дека ако со закон не е уредено тоа е забрането. Но одредени прашања се од јавен интерес, идентификација на шалтер на банка на пример е предвидено со закон за банки,

Но и покрај се,  не е исклучена и можноста за злоупотреба, па затоа биле отворени за јавноста да одговорат на сите прашања и претставки.

Извршителите со години ги објавуваат матичните броеви, а граѓаните си молчат и досега нема ниту една претставка за оваа злоупотреба.Сите извршители кои во дневните весници ги објавуваат личните податоци на граѓаните, ќе бидат казнети со казни од 250 до 4.000 евра.

Членот 34 од Законот за заштита на личните податоци (глава 8) се однесува на давање лични податоци на корисници, кој јасно укажува на тоа дека: „Контролорот ќе ги даде личните податоци на користење на корисник врз основа на писмено барање од корисникот, доколку тие се потребни за извршување работи во рамките на со закон утврдени надлежности“.

Во Македонија, покрај нотарите, постојат и извршители што се назначени од страна на Министерството за правда и имаат овластување да извршуваат одредени судски одлуки, особено во граѓанските постапки

Податоците се собираат за конкретни цели, со закон утврдени, а тоа е: запленување надомест утврден со судска постапка – како што стои наведено во барањето поднесено од извршителот.

Откако банките ќе утврдат дека се исполнети сите горенаведени критериуми за да може да пристапат кон давање на личните податоци за нивниот клиент, тие ќе му одговорат на извршителот и ќе му ги дадат бараните податоци. Банките ги водат сите добиени барања и одговори на тие барања во своите архиви.

При пополнување формулари во банки забележете дали стои дека се согласувате да се собираат и/или да се употребуваат податоците и за кои точно наведени цели! Доколку сметате дека се собираат премногу лични податоци или посебни категории лични податоци чиј обем не е навистина неопходен за извршување на целите за кои се собираат, обратете се до Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1