Се бара за убиство: 400.000 денари за секој кој ќе донесе информација за ова лице


Хрватската полиција распиша награда за информации околу лице кое е поврзано со убиството на Винко Жуљевиќ од 3 мај минатата година.
Хрватското МВР објави дека ќе исплати 50.000 куни (околу 400.000 денари) на оној кој ќе даде информација за идентитетот на лицето кое е снимено на безбедносна камера.
Screenshot_114
Жуљевиќ беше полковник во пензија кој беше под истрага за воени злосторства во периодот околу 1993 година, а бил вмешан и во серија кривични дела меѓу кои и убиство, но бил ослободен од обвинението.
Винко Жуљевиќ беше убиен на 3 мај лани додека се враќал од неделната миса во црква.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1