По ненадејната смрт на братот, Бобан си ја отвори душата – што ќе се случи со Авалон?


Братот на Даниел Милошески, еден од двајцата сопственици на Авалон продукција, се обрати во јавноста. Тој најавува повлекување, но ветува дека се што е планирано од концерти ќе биде реализирани.
avalon-green-day– Почитувани пријатели на Авалон продукција, како и драги мои приватни пријатели Поминаа неколку дена и чувствувам дека имам морална обврска да соберам сила и барем нешто да кажам во врска со состојбата во која се наоѓам после она што ме погоди на 15 јули… а истовремено и да ги соопштам моите идни одлуки околу судбината на Авалон Продукција кои произлегоа од трагедијата која се случи. Во наредните 12 месеци се повлекувам безусловно и стопроцентно од било каква работа во Авалон Продукција. Единствено нешто со кое сакам да живеам во наредниов период е единственото она за кое и сум способен во моментов…а тоа е да жалам. Ќе бидам искрен, каков што впрочем секогаш и сум бил. Сите мои размислувања изминативе денови одеа само во еден единствен правец…а тоа е…итно и неотповикливо затварање на Авалон и тоа засекогаш.
Сите “зошто“ и “како“ – понатаму ме водеа по тој пат, со колку толку чист ум и уште почист разум. Но…иако во овој живот многу ретко сум го слушал срцето, дозволив овој пат тоа ме однесе сосема на другата страна од разумот.
Буквално половина час пред да бидете во можност ова да го прочитате дефинитивно одлучив – Авалон продолжува понатаму. За мојата ваква одлука постои една и само една и АМА баш една единствена причина, причина која не ми даде шанса за друг избор! Авалон мора да продолжи да живее затоа што Данче ќе продолжи да живее преку Авалон! Авалон ќе продолжи да работи за да преку секој нов работен ден се слави животот на мојот брат, а не да остане она дека веќе него го нема.
daniel-avalon1Сите оние што вистински ме познаваат знаат дека на овој свет не постои ниту друга личност, ниту пак друга причина која можеше да ме натера на ова. Тие пак што мислат или пак уште полошо што се убедени дека има повеќе причини…не ме познаваат, и готово сум сигурен…нема никогаш да ме запознаат. Гаснењето на Авалон ќе значеше постепено заборавање на сето она што Даниел во работата го остави зад себе…одењето понатаму значи дека Даниел е се уште тука со секој нов проект.
Во наредниот период компанијата останува во сигурните раце на Мишко, Филип, Денис, Игор и Сагор… и што е многу побитно… сега целата игра зависи од нивните умни глави. За да го напишам ова, морав да ја превземам улогата на администратор на странава, можеби сега некој од нив од кога ќе го прочита ова и ќе се подналути на мене, но…и ако тоа се случи…ќе им помине. Барем ние се разбираме со поглед…нам ниту збор не ни треба. Битно е дека јас сум мирен со фактот што во работата ќе бидат запазени сите Авалонски норми и стандарди кои ние ги патентиравме со својата работа и кои Авалон го поставија на она место на кое денес е.
Тука компромис никогаш немало, а сега најмалку смее да има. Од нив очекувам да бидат уште порадикални. Или си…или не си Авалон! А Мишко, Пипи, Старото, Иже и Сагор…секогаш биле…а од денес натаму уште повеќе ќе бидат 100% Авалон!!! Значи сите проекти што беа планирани да се реализираат во периодот септември 2014/ септември 2015 а се веќе договорени и прецизирани ќе се реализираат, само некои од нив ќе бидат прераспоредени на други датуми и месеци од претходно планираното. Бидете уверени и мирни, Балканот ќе има проклето добра Авалонска сезона! За крај, од име на целото семејство Милошески, сакам да се заблагодарам на сите оние стотици од Триглав до Вардар и од Лондон до Лос Анџелес кои најдоа начин да ни дадат поддршка и да ни изразат сочувство во овие за нас нестварно тешки денови. Бог нека ве чува сите и на сите нека ви се случуваат само убави работи во животот. Бобан Милошески.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1