Туркиш ерлајнс ќе е новиот Македонски национален авиопревозник?


„Туркиш ерлајнс“ е еден од фаворитите за партнер во формирањето национален авиопревозник. Според порталот Свис Авиејшн, ваква опција е многу веројатна, со оглед на фактот што турскиот концесионер ТАВ раководи со скопскиот и охридскиот аеродром, јавува Канал5.

turkish-airlines.jpg500Откако ги презеде, ТАВ постојано преговара да донесе авиокомпанија која ќе го носи македонското знаме. Порталот пишува дека одлуката на Агенцијата за цивилно воздухопловство уште пред две години да му го додели на турскиот авиопревозник статусот на „редовен превозник“, дополнително му ја зголемила предноста.Од Министерството за транспорт велат дека досега неколку компании се заинтересирале да се вклучат во процесот на формирање национален авиопревозник, меѓу кои и „Turkish Airlines“, но рано е да се зборува за кандидатите, бидејќи се уште не е определен начинот на кој би се формирала компанијата. Една од опциите е да се склучи договор со странска компанија која би отворила своја база на „Александар Велики“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1