По обвинувањата кон Кевин Спејси, крај за серијата „Куќа од карти”


Претстојната шеста сезона од ТВ серијата „Куќа од карти“ ќе биде и последна, најавија од Нетфликс.

Оваа вест следи по обвинувањата кон глумецот Кевин Спејси за сексуално вознемирување кое се случило во 1986 година, но одлуката не е поврзана со тој случај, тврдат добро упатени извори.

Глумецот Ентони Реп претходно изјави за Базфид дека Спејси се обидел да оствари сексуален однос со нив кога тој имал 14 година. По таа исповед, Спејси на Твитер лично му се извини, нагласувајќи дека не се сеќава на тоа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1