Повеќе енергија, поздрава кожа и сјајна коса се само некои од благодетите кои ќе ви ги овозможи овој стар кинески рецепт кој станува сè попопуларен во модерната западна цивилизација.
Здравото тело и убавата кожа ќе ги добиете само со две евтини состојки: вода и ориз.
Подготовка:
Можеби и порано сте слушнале за тоа дека водата со која сте го измиле оризот е оризова вода, но тоа не е точно.
Може да ја користите и таа вода, но нема да ги добиете истите ефекти бидејќи оризовата вода се добива од варењето на оризот.
Се препорачува да ставите повеќе вода во едно тенџере од онаа која е потребна кога оризот го подготвувате за ручек.
Водата во која оризот испуштил дел од своите корисни својства е онаа која ви е потребна.
Можете да ја пиете топла или да ја оставите да се излади, па потоа да го измиете лицето или косата.
Здравствени предности:
– Дава енергија
– Успешно спречува гастроентеритис
– Одлична превенција од рак
– Ја регулира телесната температура
– Го спречува и лечи запекот
Козметички предности:
– Ако го миете лицето со водата во која се варел оризот, кожата ќе ви биде помека
– Одлична замена за тоникот
– Помага кај затворените пори на лицето
– Ако ја измиете косата со водата од оризот, ќе добие сјај и ќе биде поздрава.
Crnobelo.com