По природен пат забременила со идентични тројки, иако користела контрацепција!


Лијен и Метју Колинс сосема случајно и непланирано добиле идентични тројки и тоа по природен пат. Со шансите еден наспроти 200 милиони, Лиен забременила со идентични тројки по природен пат иако користела контрацепција. Девојчињата Скарлет, Лили и Иви се родиле во април оваа година со царски рез, четири недели пред терминот. За среќа, девојчињата биле потполно здрави.

– Лекарката ни рече дека вакво нешто не и се случило во целата кариера, ова што ни се случи е вистинско чудо. Поради прерарно раѓање мораа да добијат посебна нега, но не мораа да одат во инкубатор. Првите неколку денови се хранеа преку цевка, а потоа преминаа на шише – раскажува таткото Метју (32).

70388_profimedia0205161369_630x0Зачнувањето тројки се случува еднаш во 150.000 бремености. Процесот може да се објасни со тоа што или една оплодена јајце-клетка се дели на три или ембрионот на два и така се создаваат идентични близнаци, па тогаш еден од нив повторно се дели.Лијен е фризерка која со сопругот Метју веќе има две деца, седумгодишната Џорџија и тригодишниот Луис.

– Џорџија и Луис ги обожаваат своите сестри. Луис повеќе сака да биде во центарот на вниманието, но сите убаво се согласуваат. Првата вечер кога ги доведовме тројките дома, го ставивме секое бебе во своето креветче, но почнаа да плачат, бидејќи навикнале да спијат заедно во болницата. Верувам дека не чекаат многу бесни ноќи – раскажала Лијен.

Интересно е дека во болницата морале да им ставаат капи во различни бои за да ги разликуваат некако, а и родителите и понатаму тешко ги разликуваат. Куќата на ова семејство е сега преполна, а издатоците се прд нив. Мајката на Лијен веќе нашла начин како да собере пари за бебињата и за опремата која им треба, како што е количка за тројки. Имено, нејзината мајка Џули организирала хуманитарни акции кои вклучувале миење на автомобилите, социјални игри, пикници со правење скара, а сите посетители донираат пари за тројката.

– Иако пред нас се проблемите и знаеме дека ќе ни биде се потешко, среќни сме поради нашите три мали чуда. Сега, сосема непланирано, имаме полна куќа деца. Тоа е благослов – заклучила Лијен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1