Црни хамбургери во јапонските сендвичарници


Jапонската подружница на познатиот синџир за брза исхрана „Бургер кинг“ ќе понуди нов сендвич, кој, за разлика од стандардните, ќе биде целосно црн.

Станува збор за хамбургер со црно лепче, црна плескавица, црн кромид, црн кашкавал… Некои од овие работи се бојат со бамбусов јаглен, а другите со прелеваат со мастило од лигњи.crn hamburg

Инаку, ова мастило многу се користи во јапонската исхрана, пред сѐ како адитив во храната.

Црниот сендвич, кој ќе почне да се продава од 19 септември, ќе има две варијанти, наречени „Црниот бисер“ и „Црниот дијамант“, а разликата ќе биде во тоа што во дијамантскиот ќе има и свежи салати, кои нема да бидат обоени. Цените на црните сендвичи ќе се движат од 3,5 евра до 5,5 евра во зависност од големината.

Од „Бургер кинг“ се надеваат дека ова ќе биде вистински хит во Јапонија, затоа што на социјалните мрежи постојано се зборува за него и дневно добива повеќе од 600 лајкови и 200 споделувања.

Ова не е првпат „Бургер кинг“ да понуди на пазарот црни сендвичи. Првпат ваквите сендвичи се појавија во 2012 година, а минатата година најголем хит беше црниот сендвич наречен едноставно „Црната нинџа“

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1