Доаќа циклонот Талија – еве што не очекува викендов


Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и најпрво во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи.

dozd sonce vinozitoВо вечерните часови врнежите ќе се прошират и на останатите делови од земјата. Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 24 до 31 степен.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а доцна попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Врнежливото и нестабилно време ќе продолжи до вторник. Во недела и во понеделник локало процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи и со силни електрични празнења. За овој период се очекува локално да наврнат над 50 литри дожд на метар квадратен.

Денот ќе биде потопол во однос на петок. Максимална температура околу 28°С се очекува во северната половина на земјата, во југозападниот регион околу 26°С.

Талија не би требала да предизвика големи проблеми. Местоположбата на земјата, ќе ја спаси од големото невреме кое го зафати Балканот, смируваат синоптичаритеМакедонија ќе биде под циклонска активност се до вторник, а најголеми прблеми се очекуваат во недела.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1