По шест месеци живи пронајдени Чесите кои исчезнаа во Либан


Министерството за надворешни работи на Чешка соопшти дека пет нејзини државјани, кои во јули минатата година исчезнаа во Либан вечерва се најдени живи.liban-premiere-semaine-de-deploiement-pour-la-nouvelle-fcr

Чесите се во задоволителна здравствена состојба и моментално за нив се грижат либанските безбедносни сили.

Властите на Чешка работат на тоа тие да се префрлат дома и планираат по нив во Либан да пратат специјален авион.
Чешката влада претходно информираше дека тие се киднапиранил. Меѓу нив има адвокат, преведувач, двајца новинари и маж кој тврди дека работи за воена шпионска агенција.

Нивното возило беше најдено на 18 јули во близина на либанскиот воен контролен пункт во градот Кефраја.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1