Вонредна ситуација поради вирусот Зика – СЗО официјално го прогласи за глобална закана


Светската здравствена организација денеска прогласи вонредна ситуација поради брзото ширење на вирусот Зика, што го пренесуваат комарци.

По кризниот состанок на СЗО, тие соопштиле дека вирусот Зика претставува опасност за јавното здравје во светот и поради тоа е неопходен итен и единствен одговор.virus-zika2

СЗО вирусот Зика го стави во иста категорија, по однос на меѓународна загриженост, како и еболата.

Инаку на состанокот присуствувале 12 независни членови на комисија во која се експерти од областа на епидемиологија, јавно здравје и заразни болести од Северна и Јужна Америка, Европа, Азија и Африка.

Последен пат СЗО прогласи глобална вонредна состојба во 2014 година поради епидемијата на ебола. СЗО минатата недела соопшти дека вирусок зика „експлозивно се шири“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1