Детали за инцидентот со ракометарите – тепачка, па им ги оштетиле возилата со цигли


Според информациите од МВР, 24-годишниот Д.М. и 34-годишниот Н.Т. била нападнато од страна на хулигани, при што биле оштетени нивните возила.policiska-lenta4-640x480

Нападот врз македонските ракометари се случил утринава околу 4 часот во Скопје кога поголема група непознати лица по расправија со нив фрлале со бекатонски плочки кон нив при што еден од нападнатите се здобил со скршeница на раката, а им биле оштетени и возилата.

Според тврдењето на сведоците, напаѓачите биле дел од навивачка група, а до инцидентот дошло по вербална расправија меѓу поголемата група и ракометарите во близина на ресторанот „Силбо“, кај булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Од МВР потврдија дека се случил инцидент, но велат дека нема пријава за тепачка, односно за нарушување на јавниот ред и мир. Исто така, велат дека не била пријавена ниту повреда кај ракометарите. Пријавата била за оштетување на патничко возило.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1