По штедливите светилки на ред телевизиорите – ЕУ бара штедливи телевизори


Телевизорите со големи екрани во Европската Унија ќе мора да бидат штедливи за да бидат во согласност со барањата за енергетска ефикасност.

Благодарејќи на штедливите телевизори, Брисел очекува потрошувачите да плаќаат околу осум милијарди евра помалку за сметките за струја. Новите барања за енергетска ефикасност за телевизорите ќе важат и за компјутерските монитори, бидејќи се` повеќе се користат за гледање телевизиски програми, а подоцна ќе бидат вклучени и другите домашни апарати, пренесува Б92.

televizor od staklo

Годишно во ЕУ, според податоците за 2011 година, биле продадени повеќе од 60 милиони телевизори и 16-17 милиони компјутерски монитори.

Новите стандарди за телевизорите, што ќе започнат да важат најрано од јуни 2016 година, ќе бидат значително построги кога е во прашање потрошувачката на енергија од досегашните стандарди кои се однесуваат само на мерење на енергетската ефикасност на внатрешните компоненти.

Телевизорите трошат околку 10 отсто од потрошувачката на струја на домаќинствата во Европската Унија, а нивниот удел во потрошувачката на енергија значително порасна во последните десет години. Според некои истражувања, потрошувачката на струја на европските телевизори е еднаква на вкупната потрошувачка на станбениот сектор во Шведска и Португалија заедно.

ЕУ до 2030 година планира да ја намали потрошувачката на електрична енергија до 30 отсто. Покрај моќните правосмукалки, уште дваесетина мали домашни апарати би можеле да исчезнат од пазарот, Брисел размислува и за фенот, чајникот и косилката за трева.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1