По смртоносното цунами, нова ерупција на вулканот и силен земјотрес ја стресе Индонезија: Паника од ново цунами


Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Суматра во Индонезија, соопшти денес американската Агенција за геолошки истражувања.

Потресот бил регистриран во 15:03 часот по средноевропско време, а епицентарот се наоѓал на длабочина од 105,8 километри.

Индонезија доцна синоќа ја погоди цунами, а според последните информации животот го загубија 222 лица, 843 се повредени, а за исчезнати се вода 28 лица.

Вулканот Анак Кракатау, по чија ерупција викендов се формираше цунами што уби речиси 300 луѓе, повторно еруптираше.

Како што јави Би-Би-Си, жителите на крајбрежниот појас во близина на Анак Кракатау биле предупредени да се држат подалеку од плажите, поради можноста од појава на ново цунами по ерупцијата.

Имено, во саботата цунамито предизвикано од ерупцијата на вулканот Анак Кракатау ги погоди островите Јава и Суматра, при што смртно настрадаа 281 лице, а 1016 беа повредени.

Но, вулканот вчера повторно еруптираше, а снимките покажуваат како исфрла пепел и чад.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1