По силниот земјотрес со магнитуда од 7,8 степени според Рихтер што во вторник го погоди југозападниот дел на Пакистан, од Арапското море во близина на пакистанскиот брег се појави нов остров.
Островот е висок меѓу шест и девет метри, а се појавил на оддалеченост од околу 350 метри од брегот, појасни Моазам Јах, претставник на локалната власт во градот Гвадара.
Сеизмологот Захид Рафи, во изјава за CNN, го потврди овој настан и рече дека тоа не е за изненадување, со оглед на магнитудата на потресот.
Во изјава за Geo TV, официјално лице од градот Gwadaru Moazzam Jah вели дека островот е висок помеѓу 6 до 9 метри а никнал на околу 350 метри од брегот.