По трет пат се мажи познатата водителка, свадба на 31 март


Сузана Манчиќ (50) конечно ќе се омажи за својот вереник Сименон Оцомкос (67) со кој е во врска 16 години. Венчавката е закажана за 31. март во Венеција.suzana-640x432

Сузана и нејзиниот Симица ќе се заветуваат еден за друг во православна црква, а на церемонијата на стапување во брак ќе присуствуваат кумовите и нејзините ќерки. По церемонијата младенците ќе се повозат со гондола по Каналот Гранде, а здравица ќе имаа во палата Грити. Манчиќ не може да го дочека денот кога ќе застане пред олтар па изјави:

-Време е да се омажам, восхитено рече водителката и додаде дека по венчавката нема да се пресели кај идниот сопруг во Грција.

-Моите ќерки се ангажирани околу подготовките. Тие се радуваат на мојата венчавка и ми избираат стајлинг, а јас само им викам: „Ништо комлицирано, ве молам. Ќе носам нетшто меѓу венчаница и елегантен фустан. Треба да се влезе во гондола и да не потонам во Канал Гранде, вели поранешната лото девојка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1