За првпат по повеќе векови, научниците ја откопале површината која се смета дека била гробницата на Исус Христос.
Гробницата се наоѓа во Базиликата на Светиот Гроб во стариот дел на Ерусалим и била покриена со мермерна плоча од 1555 година наваму, а веројатно и векови пред тоа.-Мермерот која ја покриваше гробницата беше изваден и бевме изненадени од количеството на материјал за пополнување под него“, изјавил археологот Фредрик Хајберт. „Тоа ќе биде долга научна анализа, но конечно ќе можеме да ја видиме оригиналната карпеста површина на која, како што пренесува традицијата, било положено телото на Христос.