Победата на Даниел е чиста- фестивалот бил местен за двајца ексклузивци


Праќачите на пораките за гласање на Скопскиот фестивал од спорните СИМ картички се согласиле да сведочат, објави Сител повикувајќи се на извори во МВР.

Според Сител, фестивалот бил местен за двајца ексклузивци на осомничената продукција. Победата на Даниел Кајмакоски не е предмет на истрага, а чисти биле и другите наградени.dan.jpg500

Четири лица се осомничени за злосторничко здружување и компјутерска измама во врска со резултатите од Скопскиот фестивал за избор на песна за Евровизија.

Преку СИМ картички и телефонски апарати, четворицата првоосомничени имале за цел да испратат поголем број на СМС пораки и на тој начин да делуваат на резултатите од гласањето, но и на конечниот резултат.

Осомничените се на возраст од 26 до 56 години од Скопје и меѓу нив се сопственик на продукциска куќа, автор и композитор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1