Аднан Бабајиќ беше победник на „Операција триумф“ во 2008, а дури во 2011 го издаде албумот кој го доби како награда за победа во шоуто.
Но, ретко кој слушна за тој албум или пак за Аднан воопшто, иако шоуто ветувапе балканска слава.
На албумот се појави и песна компонирана од Емина Јаховиќ, а по издавањето пејачот најави промоција во Белград и Сараево, како и почеток на кариерата.
Сепак ништо, публиката веќе го заборави не само него, туку и сите учесници во шоуто кои имаа неколку кратки обиди за започнување на кариера во своите земји.
Инаку, Аднан веќе со години „тезгари“ по кафаните и фолк локалите. Тој истакнува дека обожува севдалинки, а не крие дека во слободно време помага во работата на селскиот имот.