Победникот на Евросонг во критична состојба примен во болница, мора на итна трансплатација на срце!


Салвадор Собрал итно е хоспитализиран, а како што пишуваат португалските медиуми пејачот мора на трансплатација на срце што поскоро.

Како што се наведува, тој е во животна опасност, а никој од семејството се уште не ги потврдил ниту пак демантирал овие информации.

Потсетуваме, претставникот на Португалија и победник на 62. Евросонг, Салвадор Собрал, се до финалето го чувал својот здравствен проблем далеку од јавноста. Тој победата ја однесе со песната “Amar Pelos Dois” и со емотивно изведување на истата, а за сето време колку што траеше Евровизија тој не проговори за неговите здравствени проблеми.

Потсетуваме на првите две проби на Евросонгот во Киев наместо Салвадор пееше неговата сестра Луиза (инаку композиторка), бидејќи Салвадор токму поради срцеви проблеми не можел да ја напушти земјата на подолг период.

– Неговиот лекарски тим е во Португалија и тој не може да биде надвор од земјата толку време. Членовите на комисијата на Евросонг се сложиле со тоа наместо него да ги одработам првите две проби – изјавила Луиза.

Инаку Салвадор последниот настап го имал на 8. септември, откако се повлече. Сите закажани концерти се откажани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1